Делчевското „Експериментално театарче“ одбележа 35 години од своето формирање и првата одиграна театарска претстава „Некоректен мртовец“. „Експерименталното театарче“ е едно од ретките театарчиња, во кое покрај возрасната група, своја сопствена претстава „Ах, тие бројки“ имаше и театарскиот подмладок. Како театарска група добитници се на повеќе награди и признанија, а во своето 35-годишно постоење имаат одиграно над 100 претстави во повеќе градови во државата.