Еден милион денари доби о. Делчево од Платежната агенција за рехабилитација на земјен пат од 800 м до месноста Средни Бавчи. Станува збор за инвестиција со која се заокружува првата фаза од циклусот инвестиции во земјоделската инфраструктура со која за рехабилитација беа предвидени над 3 км земјоделски патишта. Преку Центарот за развој на ИПР, минатата година беше завршена рехабилитацијата на земјоделскиот пат с. Вирче-с. Град во должина од 1.320 метри, а со подобрување на временските услови ќе започне и рехабилитацијата на земјоделскиот пат во месноста Долни Бавчи во должина од 1000 м.