Наместо проекти, подобрување на комуналните услуги и поквалитетно водоснабдување, ЈП Исар се одлучи за повисоки цени на водата, обвинија денес на прес од СДСМ.
На критиките од СДСМ прозваните, веде директорот на Исар Трајан Коцев и градоначалникот Иван Јорданов одговорија.
Крајно лицемерно е партијата чии политики предизвикаа повисоки цени на струјата,горивото,лебот,брашното и сите останати основи елементи за егзистенција на граѓаните да коментираат за некакви покачување на цените. Сите ние сме сведоци дека под водство на СДС граѓаните се повеќе се сиромашни,а инфлацијата зема се поголем замав,затоа крајно време е да престанат со замајување на јавноста.