Парламентот во Словенија расправа за реорганизација на владата со три нови министерства, за високото образование, наука и иновации, за животната средина и енергетика и за солидарната иднина. На референдумот што беше одржан минатиот ноември, граѓаните го поддржаа предлогот за проширувањето на владата на 20 ресори.