По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побара оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“.