За „ноќ на чистки” во грчката полиција пишува „Катимерини” во своето електронско издание, најавувајќи пензионирање или отпуштање синоќа на голем број високи раководители кои имале контроверзна улога во аферата со прислушувањето на грчките политичари од страна на разузнавачки служби. Со одлука на министерот за цивилна заштита, Такис Теодорикакос, генерал-потполковник Константинос Скумас останува на чело на грчката полиција. но заминуваат досега многу значајни имиња од полицијата.