11.5 C
New York
Wednesday, September 27, 2023

Buy now

spot_img

Македонија со минималната плата е на дното. Полоши се само Косово и Албанија

Од осум Балкански држави Македонија е на петто место според висината на миниалната плата или трета одоздола. Иако аиот минималец во поселдните две години скокна високо, тоа на нашата земја не и обезбеди подобро место во споредбената статистика зашто во регионот, повеќето земји се подобри од Македонија.

Најниска минимална плата од 264 евра земаат косовските работници, а веднаш до нив е минималната плата на работниците од Албанија кија е 284 евра. Во Босна и Херцеговина минималецот порасна на 305 евра исто како и во Србија каде стигна до 383 евра. Многу добри во оваа споредба се Црногорците кои имаат минимална плата од 450 евра и се најдобри од земјите во регионот кои не се во ЕУ. . Во Хрватска од 1 јануари минималецот е 560 евра, а во Словенија изнесува 1.203,36 евра.

Уште полошо во оваа статистика е тоа што платите на најслабо платените работници кај нас во ноември бие пониски од октомври што наспроти се повисокит цени е сериозен удар за граѓаните со ниски примања.

Во март Владата најави зголемување на минималецот за околу 1800 денари по што тој би трбало да стигне нешто над 20 000 денари а премиерот Ковачевски најави и дека нови ценовни шокови до крајот на гоината ќе нема.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,873FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles