Повеќе од половина граѓани што скенирале сметки, успеале да го достигнат максималниот тримесечен износ за поврат на данок на додадена вредност од 1.800 денари. Од УЈП најавија дека износот за поврат на ДДВ ќе се зголеми на 2.100 денари. Следната исплата ќе се реализира во февруари 2023 за скенирани сметки во последното тримесечје од 2022 година, а зголемениот износ од 2.100 денари треба да се применува од 1 јануари.