21.7 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Растението наречено Љубовна дрога се продаваше денес на штипскит пазар

Руколата кај нас сеуше ја нема потребната сатисфакција и репутација но таа е на добар пат своето место да си го заземе. Оние кои го сакаат нејзиниот магичен вкус и арома ја употрбуваат како салата или како додаток во голем број специјалитети, но за жал повеќето граѓани никогаш и не пробале и тоа најчесто поради неговата цена.

Но, руколата има и друга чудесна моќ која многу одамна ја познавале Римјаните и Египјнаите. Точно знаеле што се таа содржи и колку е ефикасна нејзината тајна сила која била во следното.

Руколата е силен афродизијак чие друго име е „дрога за љубов“. Позитивно делува на либидото, ја зајакнува потенцијата и помага во синтезата на половите хормони.

Руколата содржи високо ниво на фолна киселина и антиоксиданси како витамин Ц, К и А, па затоа успешно се бори против слободните радикали. Полн е со каротеноиди, како и со многу други минерали, како што се калиум, манган, железо и калциум, од кои сите се корисни и неопходни елементи во исхраната на човекот.

На штипскиот пазар таа се продава на ограничен број тезги а ја има и во замрзната форма во супер маркетите.

Малата количина снег и студеното време го намали бројот на продавачи и купувачи на штипскиот пазар, а продуктите кои беа најбарани можеа да се најдат по следниве цени:

Мандарина 70, јаболка 30, лимон 90, банана 90, марула 30, млад кромид 20, ротквица 20, спанак 50, брокула 100 и тиква 20 денари за килограм.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles