Драматичните климатски промени во континуиран стрес ги ставаат традиционалните земјоделско обоштарски култури во регионот. Први на ударот кои за нив веројатно ќе биде погубен се лозјата и црешите, смета земјоделскиот експерт Васко Златковски.
Според Златковски сега е точно време кога земјоделците треба да се пренасочат и преориентираат на култури кои имаат перспектива со новите температурни состојби.
Климатските промени се повеќе од очигледни, но прашање е колку земјоделкците кај нас нив ќе ги сфатат сериозно и ќе бидат подготвени да ги прифатат сугестиите на експертите кои цврсто се убедени дека преориентирање на сегашното земјоделско производство мора да има.
Од година во година приносите кај житото, лозјата и други култури се се помали, а нивното одржување бара се поголеми трошоци.