Четврта година по ред во Пробиштип се избираше спортист на годината. Овој пат оваа титула ја добија две девојки и тоа едната каратистка, а другата одбојкарка Бојана Пешович и Теа Зарева. Награди добија и номинираните спортисти за категоријата спортист кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип и тоа Даниел Божиновски, фудбал, Филип Савовски, одбојка, Мила Радевска, кошарка и Катерина Поп Димитровска, кошарка. Со истата награда се закитија и спортистите кои се натпреваруваат во општина Пробиштип, а беа номинирани за Спортист на годината, Марио Атанасовски, фудбал, Ангела Ангеловска, кошарка и Тоше Ефремов, одбојка.