Утре во Штип во употреба ќе биде пуштена првата приватна болница по Гиникологија и акушерство со центар за брачна неплодност и инвитро оплодување ,,Д-р Органџиски”.
Новата болница е континуитет на 30 годишното работење на првата приватна акушерско – гиниколошка ординација во државата. Кој е заклучокот од тридецениското работење ?
Сепак кулминација на сите успеси е зачнувањето и раѓањето на првата четворка во државата.
Свечениот чин на отварањето и осветувањето ќе се случи утре со благослов на Неговото блаженство архиепископот Охридски Македонски г.г. Стефан и митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.