ЈП „Исар“ конечно го решава проблемот со одводнот на изворот со топла вода, Л’џи во Ново Село. Од денес, екипите на Водовод и канализација се на терен и вршат промена и проширување на истиот.
Поради тесниот одводен канал, но и неодговорноста на поседници, Л’џите постојано се поплавуваа, а локалитетот, наместо симбол беше срам за Штип и Ново Село.