Македонска Каменица , заедно со локалните институции и претпријатија ќе изгради фотонапонски електроцентрали на сите јавни објекти во Општината. На овој начин, општината планира да заштеди огромни финансиски средства кои ќе бидат инвестирани во различни социјални програми.
Во првата фаза ќе се градат фотонапонски електроцентрали на Домот на култура, на Дневниот центар за лица со посебни потреби и на Куќа на спорт, по што ќе следуваат Градски пазар и образовните установи.