Во сабота во Скопје се игра дербито во Втората кошаркарска лига меѓу Вартдар и Соколи, најсериозните кандидфати за првите две места на табелата. Штипјани ќе настапат без тројца стандардни првотимци. Даинило КАЛОВ се врати во Англија, додека двајца кошаркари кои играат на двојни регистрации од екипа од Првата лига, во исто време ќе настапат за својата екипа во елитното друштво.
„ Ова е голем хендикеп за нас. Но, и во ваков состав ќе му парираме на Вардар. Ќе играме без притисок. Во нокаут мечевите, по завршувањето на регуларниот дел, сите екипи ќе играат само со сопствен кадар, без кошаркарите кои играат со двојни регистрации. Тука ние ќе бидеме во предност пред другите екипи Во Скопје, ако има потреба , и јас можам да го заменам тренерскиот со играчки дрес,изјави тренерот на Соколи 1933 – Иван Јованов.