Оризот на чекор да стане стратешка кулрура и дел од стоковите резерви на државата, откако на последната владина седница беше донесена одлука за промена на Законот за стокови резреви:
„Целта на промената е да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа“, соопшти Владата по седницата.
Освен ова, оризарите добиле и информација дека од 14. девруари целосно ќе бидат исплатени обврските за т.н. дополнителни три денари помош, а до крајот на февруари, на нивните сметки треба да легнат и парите за субвенции.
Оваа инфоремација ги одложи најавените протести на оризопроизводителите кои сега имаат нов рок до кога ветеното го очекуваат.