Едно од спасносното растение за здравјето а кое редовно го има на пазарите се и кикириките. Денес од близу го анализираме овој производ кој многу здравје значи.
Верувале или не но животот може да ви биде спасен и продолжен со консумација а кикирики. Впрочем, која е врската меѓу кикириките и здравиот живот.
Само 10 грама дневно можат да го намалат ризикот од болести на респираторните патишта, дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести. Ефектот на кикириките е еднаков и за жените и за мажите и тие штитат и до 44% од срцев удар, вели науката.
На градскиот пазар во Штип понудата беше стандардна а цените околу пладне беа следни: мандарина 80, јаболко 30, лимон 70, банана 100, марула 30, млад кромид 20, ротквица 20, спанак 60, брокула 100 и тиква 20 денари за килограм.