Со банален, но не и наивен проблем се соочувата голем број штипски семејства. Не можат да набават нови канти за ѓубре, откако старите им се испокршиле, па сметот се принудени да го собираат во ќесиња и вреќи, што за нив е сериозен проблем.
Проблемот настана откако сите расположиви канти за смет со кои располагаше Исар се потрошија, а новите се уште не се пристигнати.
За набавка на нови канти за смет за домаќинствата, ЈП „Исар“ планира д аиздвои околу два милиони денари. Во зависност од цената која ќе се постигне на тендерот, се очекува набавка на 400-500 канти, што би било доволно за задоволување на потребата на сите граѓани.