3.5 C
New York
Friday, March 31, 2023

Buy now

spot_img

КБ Штип се гради веќе 16 години

Во политичките кампањи и на терен, КБ Штип се гради веќе 16 години. Болницата како тема и магнет за нови гласачи во партиските програми влезе уште во 2006- та година, а први ја промвираа од ВМРО ДПМНЕ.

Во наредните две години со неа не се случи ништо, па таа во ветувањата и на митинзите се појави и на Предвремени парламентарни избори 2008 а потоа и во 2011 година.

– Во март, 2013 година, министерот за здравство Никола Тодоров најави дека реализацијата на проектот ќе почне кон крајот на годината а во мај истата година од општината беше најавено дека е направен планот за изградба на штипскиот Клинички центар.

– На 17 ноември, по третпат истата година Тодоров и премиерот Никола Груевски најавија дека во февруари, 2014 година ќе почне изградбата на штипската клиничка болница.

– Година и пол подоцна, на 7 август 2015 година , министерот Тодоров повторно промовираше изградба на нов Клинички центар во Штип, чиј камен-темелник е планиран за октомври истата година, а доколку сѐ тече според плановите, изградбата требаше да заврши во август 2017 година.

– Но, Истат година власта се смени и на министерското столче седна Венко Филипче, кој, пак, најави дека штипската Клиничка болница ќе биде изградена и пуштена во употреба до средината на 2020 година. Рокот повторно е пробиен, а работите тогаш продолжи да ги кочи опасниот ковид-19.

Во последните две години алиби работа на толку лекуваниот објект имаше но сдга се случи помирување и порамнувае помегу фирмите Бетон и Интракат, но веријатно тие проблемот го решија меѓу нив, а не и со изградбата на Билницата.

Во меѓувреме, премиерот Ковачевски соопшти дека изградбата на КБ Штип е во застој без да посочи кога ќе продолжи.

Проценките сега се дека болницата ќе чини 42 милиони евра и дека тие пари тешко можат да се обезбедат бидејки Европската банка го прекина финансирањето поради градежна неактивност.

Во мегувреме болницата го губи авторитетот на дбро месо за лекување и неа за последните 2,5 години ја напуштиле 20 лекари и 50 медицински сестри.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,757FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles