Половина од платите речиси 70% од пензиите одат за храна и овие трошоци граѓаните во државата ги прават сиромашни и социјално несигурни. Прашањето за платите и пензиите е поактуелно од било кога, па одтука и прашањето кој се чесните плати и пензии во услови на криза ?
За економистите пазарната логика треба да е доминантна, но социјалниот фактор не треба да се исклучи и на поттег треба да биде државата.
Интервентните мерки од страна на владата во услови на доминантна економска криза треба да бидат сеуште присутни поготово за најранливите категории, пензионерите и другите социјални групи со ниски примања. Со интеренција на државата ќе се стимулира економијата и шанса ќе му се даде на економскиот циклус, изјави економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.
На вакви чекори упатува и синдикатот кој перманентно притиска за социјална правда и барем приближно следење на платите во однос на трошоците.
Од министерството за труд и социјала најавуваат ново зголемување на пензиите во март исто кога треба да биде зголемена и минималната плата од сегашните 18 на нешто повеќе од 20 илјади денари.