Синоќа, во полициската станица во Штип е пријавено исчезнување на 78-годишне штипјанец. Помош од полицијата побарал неговиот син, кој истакнал дека татко му вчера излегол од дома и повеќе не се појавил.
Засега само се соопштува дека иницијалите на исчезнатиот штипјанец се А.А., додека повеќе детали нема.
Од полицијата информираат дека се работи на пронаоѓање на човекот.