Јавните институции во градот, вклучително и Општина Делчево се ослободија од застарениот и неисправен електронски отпад. За прв пат по повеќе од десетина години, а со цел зачувување на чистата животна средина, создавање што помала количина на овој вид отпад, од улилиштата, библиотеката и општинската зграда, денеска е подигнат стариот и неупотреблив електронски и електричен отпад.