Општина Карбинци може да им ги одземе веќе купените парцели на сопствениците во Индустриската зона, затоа што ги пробиле сите рокови за градба. Од околу 13 потенцијални инвестирори, само 30% имаат извадено одобрение за градба или се во фаза на градење.
Останатите, веќа добиле опомени од Општината з аплаќање на казнени поени, поради непочитување на договорот и условите за градба.
Доколу и по три испратени опомени, реакција од инвеститорите нема, тогаш следува одземање на плацевите.
Просторот е предвиден за лесна и незагадувачка индустрија. Општината лани асфалтираше две улици во оваа индустриска зона, изградени се тротоари, како и атмосферска канализација. Во реализација на проектот беа инвестирани девет милиони денари од буџетот на Општина Карбинци.