Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека Србија треба да се придружи на западните санкции против Русија, оценувајќи дека е во нејзин интерес бидејќи во тоа се разликуваат ставовите на Белград и Брисел кон Москва. „На злото треба да му се спротивстави, а Европската Унија го прави тоа“, кажа Хил на Генералното собрание на Американската економска комора во Србија.