97 отсто од лекарите во Хрватска се незадоволни од нивниот статус во Законот за работни односи, покажува истражувањето спроведено од медицински организации на повеќе од 14.000 лекари испитаници. На анкетата одговориле 5.700 лекари, од кои повеќе од 97 отсто се изјасниле дека се незадоволни од статусот во законот за работни односи, а 94 отсто од нив ги поддржале протестните активности.