Кочани има големи колични на геотермални води, но истите не се доволно и правилно искористени. Пчичина за ова е немањето на доволно пари и идеи како капацитетите кои општината ги има на располагање, целосно да ги стави во функција.
Помош и поддршка ќе се бара од Европската Унија и ова денес беше една од темите на кои разговараа градоначалникот Љупчо Папазов и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Геотермалните води, можат да бидат уште еден туристички адут на Кочани и дел од проектите кои во општината се реалираат со Европска поддршка.
При денешната посета на Кочани, евроамбасадорот Гир имаше средба со повеќе целни групи на кои се разговарало за проектите реализирани во Кочани со европски пари, но за придобивките кои Општината ќе ги има од членството на Македонија во ЕУ.