Во Виница се одржа презентација за придобивките од дуалното образование, како дел од кампањата на МОН „Учи паметно работи стручно“. Преку дијалог помеѓу бизнис секторот, претставници од СОУ “Ванчо Прќе”, Општина Виница и МОН, беа разгледани сите можности за ангажирање на потребните ресурси и идеи за создавање на квалитетен стручен кадар кој во потполност ќе одговара на потребите на пазарот на трудот во општината и регионот.