Викендов се игра 14 коло во Втората кошаркарска лига. Штипски Соколи 1933 гостува на КК Куманово. Штипјани ќе играат во недела во 14 часот во Куманово. Соколи 1933 година ќе имаат тешка задача. Во Втората лига има големи изненадувања, лигата е израмнета по квалитет. Но, средбата во Куманово е од големо значење за штипјани. Штипјани веќе две години најавуваат Прва лига, премногу ќе биде ако и годинава не ја реализираат целтаШтип е пионер на кошарката, каде се одиграла и првата кошаркарска средба во Македонија, првиот државен првак е од Штип, македонската репрезентација била соѕтавена исклучиво од Штипјани.
Средбата во Куманово ќе ја судат Антовски, Филиповски, Богески, делегат Ристовски.