Со надеж оваа година да биде бериќетна и со богат род, денеска лозарите од регионот ги закроиа лозовите насади.
Самиот чин на закројувањето не е едноставна работа, тврдат искусните лозари. Тие уште еднаш пред камерата на ТВ Стар подсетија што е најважно при закројувањето на лозовите ластари.
Закројувањето на лозјата се совпаѓа со денот на светецот Трифун, кој според православните канони е заштитник на винарите и лозарите.
Традиционално верување е дека времето на свети Трифун ќе каже каква ќе биде пролетта, но и каков ќе е овогошниот род на грозје.Ведро небо навестувало подолга зима,а облачно, поблаги зимски денови и повеќе топли пролетни и летни денови.