Повеќе од 3 милиони евра од Буџетот на о. Штип се издвоени за капитални проекти, најави денес штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
Меѓу проектите најбројни се асфалтирања на улици со кои ќе се опфатат сите населби и населени места во општината.
Најавени се и повеќе капитални проекти кои жителите на општина Штип ги очекуваат оддамна, но за нив средства до сега не беа најдени.
Меѓу останатите проекти најавена е изградбата на булеварот Партизанска, воведување на линиски превоз, како и ново кино.