Работниците платите да ги добиваат до 05 во месецот, бара Синдикатот. Писмо со вакво барање, Кофедерацијата на синдикални организации, веќе испратила до Собранието
Плати се уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, но еве и јавно кажуваме, во новиот Закон за работни односи ќе бараме платата да се исплаќа до петти во месецот, изјави претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.
Синдикатот ќе бара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да се решат проблемите со кои се соочуваат, а доколку не се случи тоа најави одржување протести.