Со песна во миговите кога било весело,но и многу тешко Марија и Стојан Димков поминаа долги но за нив незаборавни и среќни 60г.брак. Во сега далечната 1963 година,тогаш 21г. Стојан Димков ја побара раката на жената која засекогаш му го освои срцето, Марија Николова. Без да размислува ниту момент,Марија му возврати и за нив започна брачното патување.
Но, пред тие да си ветат љубов и почит засекогаш, нивните очи велат тие кажаа се однапред.
Што потоа се случуваше во нивниот живот.
Освен разбирањето и љубовта,нив ги краси,голема упорност ,работливост,но и секогаш присутниот во куќата неодолив глас на Марија. Создале се за сега да бидат среќни родители, но и баба и дедо
Иако годините на број се прилично, Стојан и Марија сеуште подеднакво сега се блиски и попотребни од било кога.
По 60г. брак, остана ли во нивните животи нешто не речено и не завршено.
Денес вака долговечни бракови има се помалку,а причините се познати.Што Димкови порачуваат на младите.