Граѓаните постојано се жалат од уличните кучиња кои ги има во се поголем број, но всушност самите тие ги создаваат. Токму утрово во населбата Баби во Штип од автомобил во вреќа се исфрлени четири мали кутриња. Ова е само еден ваков пример кој покажува како не треба, а истовремено го отвара прашањето има ли смисла да се жалиме од нешто кое сами го создаваме ?