И по една година, директорите од штипските основни и средни училишта не можат да го положат завршниот испит со кој ќе ја добијат потребната лиценца за вршење на оваа функција.
Проблемот не ги засега само директорите,но и наставниците приправници кои го имаат завршено приправничкиот стаж, но и тие чекаат термин за полагање на стручниот испит.
Затоа со овој начин на изразување на незадоволство, упатија апел до Државниот испитен центар, проблемот да го реши во што е можно пократок временски рок.
Од друга страна, при последната посета во Штип, на крајот од јануари, министерот за образование Јетон Шечири, најави решавање на проблемот во февруари.