Двајца штипјани се судриле, па се степале. Ги раздвојувала полицијата. Инцидентот на кој му претходела сообраќајна незгода се случил на крстосница на ул. Пиринска и Сутјеска , а учесници се лица на 48 и 33 годишна возраст. Двајцата , од работа се враќале дома, кога налетале едн на друг. Во обид да докажат кој е крив, а кој е прав за судирот, зборовите ги замениле со ќотек.
Во тек е документирање на случајот од страна на полицијата, по што следи соодветна пријава.