15.3 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Во случај на земјотрес, најголема опасност се дивоградбите, потенцираат од Институтот за земјотресно инженерство

Во случај на земјотрес, најголемата опасност доаѓа од  дивоградбите, потенцираат од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.  Илјадниците објекти кои се легализираа, немаат никаква потврда за сезимичка безбедно, а кај голем број надградби, нема ниту техничка документација со што, како штопотенцираат оттаму, „на една непознаница се става уште еден поголем ризик“.

„ Една од слабите алки во овој синџир кога станува збор за сигурноста се дивоградбите, доградбите и уривањето на внатрешни ѕидови во становите. Информациите за нив се многу оскудни, значи само со геодетски елаборат, со изјава од сопственикот и со сметки од комунално и од струја, се легализираат и се ставаат во фондот на објекти“, велат од Институтот.

За разлика од објектите градени на диво, новите градби кои се со дозволи и одобренија, се сеизмички стабилни,  а инженери од Институтот, вршат редовни контроли во текот на целата градба.

Сепак, од Институтот потенцираат дека мора да се работи на едукација на населението за постапување во случај на земјотрес, како и на постојана контрола на градбите, но и зајакнување на контролата кај дивоградбите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles