Колона од возила од утрово е во правец кон градските гробишта во Штип. Граѓаните од православната исповест ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.
Согласно црковните канони на гробот на покојниот потребно е да се носи само пченица и црвено вино.
Граѓаните се свесни дека непотребни се големи количини на храна да се носат на Задушница, но и покрај тоа имаат оправдување зошто апелите од Црквата не ги почитуваат.
Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.