Кога станува збор за заштита на животната средина, намалувањето на јаглеродниот отпечаток и ефикасното користење на природните ресурси, бизнисите имаат клучна улога, истакнаа од Центарот за климатски промени. Според нив, тие значајно влијаат врз состојбата на животната средина, но и имаат можност за создавање и примена на иновативни решенија за промена на континуираното уништување на екосистемот.