Грција одлучи да провери околу 64.000 згради поради опасност од земјотреси. Весникот „Катимерини“ објави дека ваквата одлука била донесена на неодамна одржаниот состанок со кој претседавал премиерот Киријакос Моцотакис. Според извештајот, приоритет ќе имаат 30.000 локации, вклучувајќи плоштади, болници и училишта.