Договорот за реконструкција на пругата Белград-Ниш, кој ќе биде финансиран со донацијата на Европската унија од околу 600 милиони евра, ќе биде потпишан на крајот на февруари, објавуваат српските медиуми. Донацијата на ЕУ за реконструкција на железницата е најголемиот единствен грант за проекти што Србија ги добила од ЕУ. Договорот за реконструкција на пругата, кој ќе чини вкупно 2,2 милијарди евра, ќе биде потпишан на крајот на февруари, а на настанот ќе присуствуваат и претставници на државниот врв и Оливер Вархеи.