20.2 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Мода и Камотекс од Св. Николе плаќаат по 5.000 денари за секој нов работник

По 5.000 ден. награда ќе добие секој работник,  сега вработен во Мода и Камотекс доколку на еден или на друг начин придобие вработен од друга компанија .

Идејата е од нашите сопственици од Германија, во чии компании овој начин на работа се покажа успешен. Наградата ќе се исплати заедно со месечната плата во месецот во кој новиот работник остварил 100% од нормата“, истакна Ангел Димитров менаџер на МК „Мода“ – Св . Николе.

Потегот на овие две светиниколски фирми, само ја потврдуваат големата потреба од работници и фрлената ракавица кон останатите фирми за поголеми плати и подобри услови за работа.

Очекуваме да донесат искусни работници, кои некогаш биле наши работници и сега работат во компаниите од ТИРЗ зоната во Штип“, вели Димитров.

Во моментов, кусок на работници имаат сите и за Синдикатот, ова е добар момент оние што останале во Државата трудот добро да го наплатат.

Инаку, просечната платата во Мода во јануари е зголемена за 15 % и сега таа , според Димитров изнесува 30.000 ден. Со новиот пораст на минималната плата, просекот ќе достигне 33.000 денари.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles