35-годишен штипјанец, во Радовиш давал пари на заем со неделна камата од 100 %, а секоја наредна недела ја удвојувал. Така на две лица, за вкупен заем од 60.000 денари им наплатил 20.000 евра камата.
„ Искористувајќи ја тешката имотна состојба и недоволното искуство на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал несразмерна имотна корист“, информираат од МВР
Заемите биле дадени во текот на минатата и почетокот на оваа година. СВР – Струмица му поднесе кривична пријава под сомнеж дека сторил кривични дела уцена и лихварство.