Со 300 кг крап или околу 2.000 полово зрели единки се изврши порибување на езерото Калиманци кај М. Каменица. Порибувањето ќе допринесе за зголемување на рибниот фонд во езерото и истото ќе ја зголеми атрактивноста на езерото за рекреативен риболов. Оваа година преку ангажман на експерти, Општина Македонска Каменица и Риболовното друштво “Шаран” ќе се започне со редовна контрола на квалитетот на водата и на рибниот фонд.