15.9 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Линеарното покачување од 2.700 денари ги извади здравствените работници на протест

Линеарното покачување од 2.700 денари ги извади  денес здравствените работници на протест, со барање час поскоро да се регулира ова прашање и да се потпише колективниот договор.

Поддршка Синдикатот доби и од менаџментот на Болницата, од каде потсетија дека во изминатиов период, за здравствеото е  направено многу.

Во организација на Синдикатот на здравствените работници, денес се протестираше во сите јавни здравствени установи во државата:

Министерот за здравство е во оставка, а со овој протест сакаме да испратиме порака и Владата да ги слушне нашите барања и да ги исполни ветувањата за покачување на минималнитот личен доход. Сега просечната плата на една медицинска сестра со средно образовние, заедно со дежурствата е меѓу 24 и 25 илјади денари. Покачувањето треба да биде 3 илјади денари во бруто износ за сестри со средно образование, а 2 илјади денари за сите останати. Таков беше договорот меѓу синдикатите и министерството, истакна Родна Ефремова, претседателка на кочанскикот огранок на Самостојнот синдикат за здравство.

Протестот  на вработените во КБ – Штип беше најавен пред два дена, а се одвиваше за време на паузата, така што сите активности на вработените се одвиваа нормално, а застој во прегледот на пациентите и нивното лекување немаше.

Првично, дел од барањљата беа и исплата на јануарската плата која доцнеше поради хакирање на системот на ФЗО, но истата е исплатена во текот на вчерашниот ден.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles