Агенциите за цивилно воздухопловство на Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора денеска во Охрид ја потпишаа Спогодбата за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација. Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.