Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои, ама ретко се пријавува. Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијание на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“.