Српското обвинителство за високотехнолошки криминал го започна вториот дел од меѓународната акција Infinity во врска со финансиски измами на интернет, а досега се уапсени 16 осомничени за компјутерска измама. Во првиот дел од акцијата при претрес на повеќе локации се добиени податоци и докази, при што со анализа е утврдено основано сомнение дека вработени во најмалку две фирми во изминатите неколку години оштетиле повеќе од 127.000 граѓани на други земји во вкупен износ кој надминува седум милијарди долари, се вели во соопштението со напомена дека износот се уште се утврдува.