Осуммина ученици од основно образование од Крижевци, Република Хрватска зимскиот распуст го поминуваат на Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини. Зимувањето на учениците кое го овозможува Општина Кочани е во рамките на соработката со хрватскиот град Крижевци, воспоставена во средината на осумдесеттите години. Градот Крижевци, пак им овозможува летување во Хрватска на најдобрите кочански ученици на генерацијата од Кочани.