11.5 C
New York
Wednesday, September 27, 2023

Buy now

spot_img

Жан Митрев со писмо до Хелсиншки. Во прашање е голема хајка против мене

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претставници на Хелсиншкиот Комитет во Македонија со барање да реагираат на прекршувањето на основното право да ја информира јавноста поврзано со случајот против него и Клиниката Жан Митрев.

Изминатиот период лично јас сум на удар во јавноста за што имам веќе доставено кривична пријава. Се прекршува моето право на одговор бидејќи секој обид да контактирам со новинар завршува со осудување на истиот во јавност, а со оглед на тоа што мојата битка започна со новинарски текст единствен начин да се „одбранам” покрај судницата се разбира е и јавноста што се информира од медиумите”, пишува д-р Митрев.

Во писмото д-р Митрев се повикува на човековите права кои се загарантирани со нашиот устав и каде правото на јавно искажан збор е загарантирано.

Јас сум човек што имам дадено Хипократова заклетва и таа ме води во секојдневната работа, чист сум пред себе и пред моите постапки затоа што знам дека вистината е на моја страна.

За потребата од вакво обраќање д-р Митрев во писмото се навраќа и на случајот со сопственикот на порталот ДоказМ кој добивал информации од истражителката за случајот и ги објавувал на неговиот портал. Затоа ве повикувам да реагирате и да го следите мојот случај и во судница, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права, го завршува писмото Митрев.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,873FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles