Утре Ристо Насков од приградската населба Стар Караорман кај Штип ќе ја дофати магичната бројка од 100 години живот. Во моментов по неговиот брат Симе Насков кој има 103 години и е најстар жител на државата.
Дали сеуште виталниот за возраста Насков се надевал дека ќе доживее ваква старост.
Со 100 години зад себе тој има огромна животна историја. Кои се моментите на кои најмногу се сеќава.
Доколку би можел да врати барем некој период од животот назад што Насков би променил.
Сега сеуште подготвениот за разговор и живот Ристо Насков деновите ги минува активно, но од своите навики никогаш не се одкажал.
Освен главната потпора семејството, овде е и неговиот постар брат Симе со кој секојдневно се во дружба и речиси нема момент да не ги враќаат деновите назад.
Без оглед на годините тие гледаат и напред.
Утре за неговиот 100 – ти роденден семејството ќе биде повторно заедно, бидејќи и јубилејот е несекојдневен.